Верзија 1.0 
Почетна Контакт Мапа на сајтот
СМС Сандаче Моја сметка
    


УСЛОВИ ЗА УПОТРЕБА
 (верзија бр.2 последна промена: 09.10.2008)

Добредојдовте во Blue Zone!



ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА УПОТРЕБА

Со зачленувањето во маркетинг мрежата на www.bluezone.com.mk, Вие се согласувате дека сте го прочитале и разбрале овој договор во целост, како и дека при користењето на услугите на Blue Zone ќе ги почитувате неговите услови.

Прифаќањето на Условите за употреба, се врши со потврда на полето Се согласувам со условите за употреба.

Пред да продолжите, треба да ги испечатите Условите за употреба или истите да ги снимите локално на Вашиот диск.


ОПШТИ УСЛОВИ

Домејнот и маркетинг мрежата www.bluezone.com.mk се во сопственост на:
          Блу Зоун ДОО
          ул. Беласица бр.2
          1000 Скопје, Македонија

Називот "Blue Zone" е во процедура за трговска марка, поднесен од страна на Блу Зоун ДОО, до надлежните институции во Македонија.

Условите на употреба претставуваат договор помеѓу Блу Зоун ДОО (во понатамошниот текст и било каде на сајтот “Ние”, “Blue Zone” или www.bluezone.com.mk) и Вас (во понатамошниот текст и било каде на сајтот “Вие” или “Членот”).

Вие се зачленувате во маркетинг мрежата бесплатно, со цел да остварите определена заработка во поени и парични средства, како надомест за користењето на услугите на Blue Zone.

Со зачленувањето, Вие давате позитивна согласност за сите услуги кои Ви се понудени на Вас, од страна на Blue Zone. Blue Zone го задржува правото континуирано да воведува нови услуги преку кои можете, но не морате да остварувате одредена заработка. Вие како член, автоматски давате согласност за сите нови услуги, доколку истите не се спротивни на основниот концепт на функционирање на маркетинг мрежата на Blue Zone.


УСЛОВИ ЗА ЧЛЕНСТВО

Во согласност со Законот за заштита на личните податоци и нашите вредности за коректен третман на малолетните лица, основен услов да станете член во маркетинг мрежата на Blue Zone е да имате полни 18 години.

Задолжително треба да поседувате сопствен мобилен телефонски број и сопствена е-пошта кои активно ги користите. Телефонскиот број и е-поштата треба да бидат успешно валидирани со цел да ја потврдите Вашата сопственост. За време на валидацијата се испраќа е-пошта која содржи линк за потврдување на сопственоста, како и СМС порака со код за валидација, кој треба да го внесете во предвиденото поле при регистрацијата. Истите се испраќаат на е-поштата и телефонскиот број кои сте ги внеле во соодветните полиња. Доколку со одредена намера или пак, по грешка внесете е-пошта или телефонски број на трето лице, одговорноста за автоматските пораки испратени од Blue Zone до него, во целост преминуваат на Вас.

Вие како физичко лице треба да се регистрирате во маркетинг мрежата на Blue Zone само еднаш, со еден сопствен телефонски број и една сопствена е-пошта.

Во текот на регистрацијата, Вие се обврзувате да внесете само вистински податоци кои точно го дефинираат Вашиот профил. Blue Zone го задржува правото да изврши проверка на Вашите податоци во било кој момент. Во случај на промена на Вашите лични податоци, Вие сте обврзани да ги ажурирате новите промени во Вашиот профил на Blue Zone.

Вие не смеете да ги споделувате Вашето корисничко име и лозинка со трето лице. Истите треба да ги чувате само за себе, затоа што истите имаат карактер на доверливи податоци.

Вие не смеете да ја пренесете сопственоста на Вашата сметка на друго лице.

Задолжително треба да ги користите услугите кои Blue Zone Ви ги нуди и преку кои можете да остварите определена заработка, доколку сакате да го задржите Вашиот статус на активен член. Ова подразбира гледање, читање и слушање на рекламните содржини испратени до Вас, преку било која услуга. Исто така, потребно е да извршувате и одредени активности, како пополнување на интернет анкети, одговарање на прашања за телефонски анкети и сл.


Се согласувате дека одговорноста за испраќањето на спонзорираните СМС пораки, како и СМС пораките од заработката е во целост Ваша и дека при користењето на овие услуги задолжително ќе се придржувате на соодветните правила кои се однесуваат на истите, како и последната Политика против небарани комуникации на Blue Zone.
Се согласувате дека сите СМС пораки, ќе ги испраќате единствено до Ваши познати лица.
Се согласувате дека при испраќањeто на СМС пораки, Вашиот телефонски број од Вашиот профил е сеуште во употреба и дека истиот е во Ваша сопственост.
Се согласувате да не испраќате никакви СМС пораки со содржини кои се незаконски, вулгарни, клеветнички, содржини со кои се врши напад на нечија приватност или можат да се загрозат или нарушат одредени интелектуални или други права.
Се согласувате дека СМС пораките ќе ги користите за Ваша лична комуникација како физичко лице и во Ваше лично име. Испраќањето на СМС пораки во име и за корист на одреден правен субјект е најстрого забрането и истото ќе подлежи на соодветни санкции при неговото откривање.
Се согласувате дека во текстот на СМС пораките да не вметнувате никакви содржини кои можат да го збунат примателот или да го наведат на погрешни активности.
Се согласувате дека во текстот на СМС пораките да не вметнувате никакви дополнителни рекламни содржини, освен рекламните содржини кои се внесуваат автоматски од страна на Blue Zone. Внесувањето на дополнителни рекламни содржини во СМС пораките од Ваша страна е најстрого забрането и истото ќе подлежи на соодветни санкции при неговото откривање.
Се согласувате дека при испраќањето на спонзорирани СМС пораки, задолжително ќе извршите соодветно оценување на рекламната содржина, со цел да се уверите дека истата е соодветна за возраста на лицето, до кое ја испраќате како препорака.
Се согласувате дека доколку лицето до кои ги испраќате СМС пораките, Ве информира дека не сака да добива пораки од Вас, задолжително сте обврзани да го прекинете испраќањето на пораките кон истото.

Се согласувате да добивате системски соопштенија, известувања, анкети и сл. од страна на Blue Zone кои нема да Ви носат никаква заработка. Истите можат да Ви бидат испратени на Вашиот телефонски број, е-пошта или во Вашето виртуелно сандаче во системот.
Системските СМС пораки од Blue Zone, можете да ги препознаете доколку телефонот Ви покажува дека се испратени од билo кој од овие називи: Blue Alert; BlueAlert; Blue.Alert или Blue_Alert и доколку пораката која сте ја добиле, се наоѓа во делот на Примени СМС од Blue Zone во рамките на Вашиот кориснички профил во системот.

Се согласувате дека пред Blue Zone да Ви исплати парични средства, ќе потпишете конкретен договор на дело во писмена форма, со приложување на соодветна документација за идентификација. Кога Blue Zone ќе Ви изврши исплата на определена парична заработка, обврската за данокот на таа заработка, целосно преминува на Вас.

Со Вашето зачленување во маркетинг мрежата на Blue Zone, Вие се согласувате дека ќе ги почитувате сите постоечки и идни закони во Македонија, а посебно оние кои директно се применуваат врз користењето на интернет, електронските комуникации, заштитата на личните податоци и Вашето членство во Blue Zоne.

Се согласувате дека Blue Zone го задржува правото да го прекине постоењето на маркетинг мрежата и веб сајтот, со или без Ваше известување.


ОПИС НА УСЛУГИТЕ

Основна цел за која се прибираат Вашите податоците е директен маркетинг, врз основа на Ваша лична согласност. Услугите кои Ви се понудени, всушност претставуваат одредени активности кои треба да ги извршите на конкретен начин, во зависност од видот на услугата.

Вашето зачленување во маркетинг мрежата на Blue Zone, подразбира Ваша согласност за следните услуги кои Ви овозможуваат заработка:

Добивање и читање на рекламни СМС пораки – рекламните (СМС) пораки претставуваат стандардни кратки текстуални пораки, кои во себе содржат одредена рекламна содржина, за одредени клиенти на Blue Zone и истите се испорачуваат до Вашиот мобилен телефон.

Добивање и читање, слушање, гледање на рекламни ММС пораки – рекламната мултимедијална порака (ММС) претставува богат формат, еквивалент на (СМС) пораките и може да содржи рекламна содржина која претставува комбинација од текст, слики, видео и звук.

Добивање и слушање на рекламни телефонски повици – рекламните телефонски повици претставуваат кратки аудио рекламни содржини за одредени клиенти на Blue Zone кои се испорачуваат до Вашиот мобилен телефон.

Добивање и одговарање на телефонски анкети – телефонските анкети претставуваат интерактивен процес, во кој Вие одговарате на збир од прашања за одредени клиенти на Blue Zone, во контакт со телефонски оператор или пак, автоматски со помош на нумеричката тастатура од Вашиот телефон.

Добивање и читање, слушање, гледање на рекламна електронска пошта (е-пошта) – рекламната е-пошта претставува рекламна содржина за одредени клиенти на Blue Zone, подготвена во мултимедијален формат односно комбинација од текст, слики, видео и звук. Е-поштата се испраќа во Вашето виртуелно сандаче, до кое можете да пристапите со претходно најавување во системот, со Вашето корисничко име и лозинка или пак, да Ви се испрати во сандачето на Вашата е-пошта од која сте се регистрирале.

Добивање и пополнување на интернет анкети – интернет анкетите претставуваат збир на прашања креирани од страна на нашите клиенти кои се достапни за комплетирање од страна на членот преку интернет. Поканата за пополнување на интернет анкета се испраќа во Вашето виртуелно сандаче, до кое можете да пристапите со претходно најавување во системот, со Вашето корисничко име и лозинка.

Добивање и играње на рекламни интернет игри – рекламните интернет игри претставуваат начин на заработка, преку соодветна интернет забава. Рекламните интернет игри содржат рекламни содржини за одредени клиенти на Blue Zone, вметнати во самите игри како комбинација од текст, слики, видео и звук. Поканите за играње на рекламните интернет игри се испраќаат во Вашето виртуелно сандаче, до кое можете да пристапите со претходно најавување во системот, со Вашето корисничко име и лозинка.

Добивање и читање, слушање, гледање на рекламната пошта – рекламната пошта претставува рекламна содржина за одредени клиенти на Blue Zone клиенти во вид на: флаери, брошури, каталози, пробни ЦД-а, беџови, пенкала и сл. Рекламната пошта се испорачува на Вашата моментална адреса на живеење, во соодветен коверт или пакет брендиран од Blue Zone.

Учество во фокус група – фокус групата претставува група составена од одреден број на луѓе, вообичаено водена од лице модератор или организатор. Вие учествувате во фокус групата за длабинска анализа поврзана со одреден производ или услуга. Поканата за учество во фокус група се испраќа во Вашето виртуелно сандаче, до кое можете да пристапите со претходно најавување во системот, со Вашето корисничко име и лозинка.

Улога на таен купувач – претставува Ваше ангажирање во функција на потенцијален или редовен купувач, со цел да извршите одредени активности како: купување на производи, барање на услуги, поставување на прашања, комуникација преку телефон, комуникација преку е-пошта и сл. Вашата покана за улогата на таен купувач се испраќа во Вашето виртуелно сандаче, до кое можете да пристапите со претходно најавување во системот, со Вашето корисничко име и лозинка.

Горенаведените услуги кои носат заработка, се ставени на Ваше располагање во зависност од тоа, дали одговараат на Вашиот профил, врз основа на субјективна проценка од страна на нашите клиенти. Достапноста на овие услуги за членот, зависи од барањата на клиентите на Blue Zone и според тоа Blue Zone, не може да биде одговорен за Ваша дискриминација од аспект на понудените услуги за заработка.

Рекламните СМС и ММС пораки или рекламните повици и телефонските анкети кои ги испраќа Blue zone до Вас, можете да ги препознаете доколку телефонот Ви покажува дека се испратени од билo кој од овие називи: Blue Zone; BlueZone; Blue.Zone или Blue_Zone и доколку пораката која сте ја добиле, се наоѓа во делот на Примени СМС од Blue Zone, во рамките на Вашиот кориснички профил во системот.

Со Вашето членство Blue Zone, Ви става на располагање услуги кои самите по себе носат одреден бенефит и според тоа за нивното користење не остварувате заработка:

Испраќање на бесплатни веб (СМС) пораки – бесплатните пораки СМС пораки претставуваат кратки текстуални пораки, кои Вие ги испраќате до Вашите контакти, потполно бесплатно. Овие пораки содржат одредена рекламна содржина, за одредени клиенти на Blue Zone, со должина од максимум 54 карактери. Овие пораки можат да се испраќаат единствено во мрежите на мобилните оператори во Македонија.

Испраќање на заработените веб (СМС) пораки - претставуваат кратки текстуални пораки, кои Вие ги испраќате до Вашите контакти, за одреден надомест во поени, од Вашата заработка во поени остварена преку нашата маркетинг мрежа.

Пораките кои Вие ги испраќате преку веб сајтот, го содржат Вашиот телефонски број кој е успешно валидиран за време на регистрацијата. Вашите пораки стигнуваат до примателите исто како и пораките кои ги испраќате од Вашиот мобилен телефон, односно со прикажување на Вашиот телефонски број во формат 3897XXXXXX.

Blue Zone може да Ви стави на располагање и други услуги, со цел да го подобри Вашето корисничко искуство при користењето на веб сајтот.


РАСПРЕДЕЛБА НА ЗАРАБОТКАТА

Распределбата на заработка од рекламните СМС и ММС пораки, се врши кога рекламната СМС порака е успешно испорачана до Вашиот телефон.

Распределбата на заработката од рекламните телефонски повици, се врши кога рекламниот телефонски повик сте го ислушале во целост според предвиденото времетраење.

Распределбата на заработката од телефонските анкети, се врши кога Вие сте го добиле повикот и сте на одговориле на сите прашања.

Распределбата на заработката од рекламната е-пошта, се врши кога ќе ја отворите и прочитате истата.

Распределбата на заработка од интернет анкети, се врши кога ќе ја комплетирате целата анкета односно кога ќе одговорите на сите прашања.

Распределбата на заработката од рекламните интернет игри, се врши кога ќе ја завршите играта, кога ќе освоите одреден број на поени во играта и сл.

Распределбата на заработката од рекламната пошта, се врши кога ќе го потврдите приемот на истата во системот, со употреба на кодот за валидација кој се наоѓа во внатрешноста на рекламна пошта.

Распределбата на заработката од учеството во фокус група, се врши по нејзиното завршување и во согласност со рокот во договорот на дело.

Распределбата на заработката од улогата на таен купувач, се врши кога ќе го испратите извештајот и во согласност со рокот во договорот на дело.


ВРЕДНОСНИ ВАУЧЕРИ

Поените кои Вие ги заработувате преку маркетинг мрежа на Blue Zone, на едноставен начин да ги претворите во вредносни ваучери. Вредносните ваучери ги добивате како вредносен код и истите можат да гласат на одредени парични износи, производи или услуги. За да добиете вредносен ваучер мора да имате определен минимален број на поени.

Ваучерот е поврзан со одреден партнер и истиот може да се реализира само кај партнерот за кој е издаден, со негово едноставно приложување при плаќањето.

Доколку Вие не го искористите вредносниот ваучер во тековниот месец во кој сте го генерирале, истиот нема никаква вредност во наредниот. За тој ваучер не да можете да добиете поврат на поените или пак, истиот да го замените со друг ваучер.


ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Blue Zone се обврзува да ја почитува Вашата приватност. Сите информации кои се однесуваат на Вашите лични податоци можат да се најдат во дефинираната Политика за приватност. Со зачленувањето во маркетинг мрежата и прифаќањето на Условите за употреба, Вие се согласувате и со Политиката за приватност.


ПРЕСТАНОК НА ЧЛЕНСТВОТО

Вие можете доброволно да го прекинете Вашето членство, во било кое време и без никаква казна или надомест.

Blue Zone го суспендира Вашето членство, доколку утврди дека Вашите лични податоци се погрешни или не се соодтветно ажурирани. Blue Zone може да го деактивира Вашето членство, доколку статусот на определен број на испратени рекламни СМС и ММС е неуспешен. Исто така членството може да Ви биде деактивирано доколку не ги внесете кодовите на сајтот кои Ви се праќаат од време на време преку СМС пораки, со цел да се провери дали Вие ги читате рекламните пораки кои ги добивате.

Blue Zone го задржува правото да го суспендира Вашето членство доколку на било кој начин ги прекршувате Условите за употреба.


СОПСТВЕНИЧКИ ПРАВА

Содржините на овој сајт како и рекламните содржини доставени до Вас, кои вклучуваат текст, звук,слики (фотографии и графика), видео и други материјали, се во сопственост на Blue Zone или трети лица и истите се заштитени со авторски права, заштитни права, ознаки на услугите, патенти или други сопственички права.

Вие се согласувате дека ќе ги употребувате горенаведените содржини само ако сте авторизирани од страна на нивните сопственици и дека немате право да ги размножувате, репродуцирате, пренесувате, дистрибуирате или да правите изведби на таквата содржина.


ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ГАРАНЦИИ

ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ И РАЗБИРАТЕ ДЕКА УПОТРЕБАТА НА ВЕБ САЈТОТ И УПОТРЕБАТА НА УСЛУГИТЕ НА BLUE ZONE СЕ ВО ЦЕЛОСТ НА ВАШ РИЗИК И ДЕКА ИСТИТЕ СЕ БЕЗ НИКАКВИ НАВЕДЕНИ ИЛИ МОЖНИ ГАРАНЦИИ.

ЗАТОА ШТО ОБЕМОТ НА УСЛУГИ КОИ ВИ СЕ НУДАТ, КАКО И ВИСИНАТА НА ЗАРАБОТКАТА СЕ ЗАВИСНИ ОД ПАЗАРНИТЕ УСЛОВИ, BLUE ZONE НЕ ПРЕВЗЕМА НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ, ДЕКА ЌЕ ВИ ОБЕЗБЕДИ ЗАГАРАНТИРАН ОБЕМ НА УСЛУГИ ИЛИ ПАК, ЗАГАРАНТИРАНА ЗАРАБОТКА ВО ПОЕНИ ИЛИ ПАРИ.

BLUE ZONE ИМА ПРАВО ДА ГО ОПРЕДЕЛИ БРОЈОТ НА ПОЕНИ И ВИСИНАТА НА ПАРИЧНАТА ЗАРАБОТКА, ЗА СЕКОЈА ОД УСЛУГИТЕ КОИ ВИ СЕ ПОНУДЕНИ. ИСТО ТАКА, BLUE ZONE ИМА ПРАВО ДА ОДЛУЧИ КОИ ОД УСЛУГИТЕ ЌЕ НОСАТ ЗАРАБОТКА ВО ПОЕНИ, А КОИ ВО ПАРИЧНИ СРЕДСТВА.

BLUE ZONE ЌЕ ВЛОЖИ СООДВЕТЕН НАПОР ЗА ШИРЕЊЕ НА ПАРТНЕРСКАТА МРЕЖА, КАДЕ ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ЈА РЕАЛИЗИРАТЕ ВАШАТА ЗАРАБОТКА ВО ПОЕНИ, НО BLUE ZONE НЕ ГАРАНТИРА ТОЧЕН БРОЈ НА ПАРТНЕРИ, НИВНА ТОЧНА ТЕРИТОРИЈАЛНА ЗАСТАПЕНОСТ, КАКО НИ ТОЧНА ЗАСТАПЕНОСТ ПО ДЕЈНОСТИ.

BLUE ZONE НЕ ГАРАНТИРА ДЕКА УСЛУГИТЕ КОИ ГИ ОВОЗМОЖУВА ЌЕ ОДГОВАРААТ НА ВАШИТЕ БАРАЊА.

BLUE ZONE НЕ ГАРАНТИРА ДЕКА СОДРЖИНАТА НА САЈТОТ ЌЕ БИДЕ ТОЧНА, КОМПЛЕТНА ИЛИ РЕДОВНО АЖУРИРАНА.

BLUE ZONE НЕ ГАРАНТИРА ДЕКА СМС ПОРАКИТЕ КОИ ГИ ИСПРАЌАТЕ ПРЕКУ ВЕБ САЈТОТ ЌЕ БИДАТ ИСПРАТЕНИ НАВРЕМЕ ИЛИ ДЕКА СИГУРНО ЌЕ СТИГНАТ ДО НИВНАТА КРАЈНА ДЕСТИНАЦИЈА.

ВО ВРСКА СО БИЛО КАКВИ СЕГАШНИ И ИДНИ ДИСКУСИИ, РАЗГОВОРИ, ПОСТОВИ, ПРЕНОСИ, ФОРУМИ И СЛИЧНИ РАБОТИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ПОЈАВАТ НА САЈТОТ, BLUE ZONE НЕ ПРЕЗЕМА НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ ИЛИ ОБВРСКИ ЗА НИВНОТО ТОЛКУВАЊЕ И РАЗБИРАЊЕ ОД ВАША СТРАНА.


ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА

BLUE ZONE НЕМА НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ ЗА ДИРЕКТНА, ИНДИРЕКТНА, ИНЦИДЕНТНА, ПОСЕБНА ИЛИ ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ШТЕТА, КОЈА СЕ ЈАВУВА КАКО РЕЗУЛТАТ НА КОРИСТЕЊЕТО ИЛИ НЕМОЖНОСТА ДА ГИ КОРИСТИТЕ НЕГОВИТЕ УСЛУГИ.

BLUE ZONE ВО НИЕДЕН СЛУЧАЈ НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА ГУБЕЊЕ НА ВАШАТА ЗАРАБОТКА, ЗЛОУПОТРЕБА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И СЛ. ДОКОЛКУ НЕ УСПЕЕТЕ ДА ГИ ЗАЧУВАТЕ ВАШЕТО КОРИСНИЧКО ИМЕ И ЛОЗИНКА, КАКО ПРИВАТНИ И ДОВЕРЛИВИ.

BLUE ZONE ВО НИЕДЕН СЛУЧАЈ НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН ДОКОЛКУ ВИ БИДЕ ПРИЧИНЕТА БИЛО КАКВА ШТЕТА, КАКО РЕЗУЛТАТ НА ТОА ШТО НЕ СТЕ ВНЕЛЕ ТОЧНИ ПОДАТОЦИ ВО ТЕКОТ НА РЕГИСТРАЦИЈАТА ИЛИ ПАК, НАВРЕМЕ НЕ СТЕ ГИ АЖУРИРАЛЕ ПОДАТОЦИТЕ СО НОВИТЕ ПРОМЕНИ.

BLUE ZONE ВО НИЕДЕН СЛУЧАЈ НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА ГУБЕЊЕ НА ВАШАТА ЗАРАБОТКА, ЗЛОУПОТРЕБА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ДР. КАКО РЕЗУЛТАТ НА КОМПЈУТЕРСКИ ИЛИ ДРУГ КРИМИНАЛ ОД СТРАНА НА ТРЕТО ЛИЦЕ, КАКО И ЗЛОУПОТРЕБА НА ФУНКЦИЈАТА ОД СТРАНА НА ОДРЕДЕНО СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ. ВО ВАКВИ СЛУЧАИ, СЕ ПОКРЕНУВААТ ЗАКОНСКИ ПОСТАПКИ ОД СТРАНА НА BLUE ZONE, ПРЕД ОДГОВОРНИТЕ ЗАКОНСКИ ОРГАНИ.

BLUE ZONE ВО НИЕДЕН СЛУЧАЈ НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА МАТЕРИЈАЛИТЕ КОИ СТЕ ГИ СНИМИЛЕ ПРЕКУ САЈТОТ ИЛИ СТЕ ГИ ДОБИЛЕ НА НЕКОЈ ДРУГ НАЧИН.
ИСТИТЕ ВО ЦЕЛОСТ СЕ НА ВАШ РИЗИК И ВИЕ СТЕ ОДГОВОРНИ ЗА БИЛО КАКВА НАСТАНАТА ШТЕТА НА ВАШИОТ КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ ИЛИ ДРУГ УРЕД, КАКО И ЗА ГУБЕЊЕТО НА ПОДАТОЦИТЕ, КОИ СЕ ПОСЛЕДИЦА ОД ТИЕ МАТЕРИЈАЛИ.

BLUE ZONE НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА БИЛО КОЈА ШТЕТА КОЈА БИ ПРОИЗЛЕГЛА ОД ПРЕКИНУВАЊЕ, СУСПЕНЗИЈА ИЛИ ЗГАСНУВАЊЕ НА МАРКЕТИНГ МРЕЖАТА И ВЕБ САЈТОТ. ОВА ВКЛУЧУВА НО НЕ ОГРАНИЧУВА ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, ИНЦИДЕНТНИ, ПОСЕБНИ ИЛИ ДРУГ ВИД НА ШТЕТИ, БЕЗ РАЗЛИКА НА ТОА ДАЛИ ТАКВОТО ПРЕКИНУВАЊЕ, СУСПЕНЗИЈА ИЛИ ЗГАСНУВАЊЕ Е ОПРАВДАНО ИЛИ НЕ, ИЛИ ПАК Е НАМЕРНО ИЛИ НЕНАМЕРНО.


ПРАВНА НАДЛЕЖНОСТ

Соработката помеѓу Blue Zone и Вас ќе биде регулирана според важечките закони во Македонија.

Во случај на било каков спор, истиот се решава спогодбено во рок од 30 дена од претходното известување на другата страна, а во спротивно, надлежен е судот во Скопје.


ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ ЗА УПОТРЕБА

Ве молиме земете во предвид дека овие Услови за употреба можат да се менуваат од време на време. Промените вообичаено нема да ги намалуваат Вашите права предвидени во овие Услови за употреба. Очекуваме ваквите промени да се случуваат многу ретко и истите да бидат мали.

Доколку промените на Условите за употреба, ги намалуваат Вашите права предвидени со овие Услови за употреба, Blue Zone ќе Ве информира со соодветно соопштение, испратено на Вашето виртуелно сандаче во системот.

Секоја верзија на Условите за употреба ќе биде идентификувана на врвот од страната со датум на креирање, а исто така ќе се чуваат и претходните верзии во архива, веднаш после првата настаната измена.


Архива на претходни верзии
Верзија 1 - креирана на 10.09.2008



 
 
Copyright © 2011, Bluezone - За нас | Услови за употреба | Политика на приватност | Политика против небарани комуникации