Верзија 1.0 
Почетна Контакт Мапа на сајтот
СМС Сандаче Моја сметка
    


ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
 (верзија бр.1 креирана на 10.09.2008)

Оваа политика за приватност се однесува на сите услуги кои Ви се понудени преку овој веб сајт.

Во Blue Zone разбираме дека приватноста е важна и затоа сме целосно транспаретни во однос податоците кои го прибираме, како и целите на нивната обработка.

Ние работиме во согласност со Законот за Заштита на лични податоци, останатите законски норми, како и светските препораки за заштитa на личните податоци.

Во таа насока, ние претставуваме Регистриран контролор на лични податоци во Централниот Регистар што го води Дирекцијата за заштита на лични податоци. Како регистриран контролор, одржуваме Регистрирана збирка за Директен Маркетинг.

Оваа политика за приватност не се однесува на трети страни кои не се во наша надлежност и кои не можеме да ги контролираме. Доколку на овој сајт, кликнете одреден линк кој води кон друг сајт или пак истиот Ви е препорачан на друг начин, Ве молиме детално запознајте се со нивните политики на приватност.


ПРИБИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ЦЕЛ НА НИВНАТА ОБРАБОТКА

Преку овој веб сајт можеме да ги прибираме следните видови на податоци:

Лични податоци кои самите ги внесувате – Кога станувате член во нашата маркетинг мрежа, внесувате одредени лични податоци како: Вашето име, презиме, датум на раѓање, телефонски број, е-пошта и др. кои претставуваат составен дел од Вашата регистрацијата на нашиот веб сајт. Ваквите податоци ги користиме да Ви испорачуваме рекламни содржини за нашите клиенти или да Ви нудиме активности во кои можете да учествувате за соодветна заработка.

Колачиња (Cookies) – Кога пристапувате на нашиот веб сајт можеме да Ви испратиме едно или повеќе колачиња (малечки фајлови кој содржат одредена низа на карактери) до Вашиот компјутер, кои уникатно го идентификуваат Вашиот интернет прелистувач. Колачињата можеме да ги користиме со цел да го олесниме Вашето најавување во системот, да го прилагодиме веб сајтот врз основа на Вашите преференции и да имаме преглед на рекламите кои сте ги виделе или кликнале.

Серверски податоци – Кога пристапувате на нашиот веб сајт, нашите сервери автоматски ги чуваат податоците кои ги испраќа Вашиот интернет прелистувач. Овие серверски податоци можат да го содржат Вашето веб барање, Вашата IP адреса, видот на Вашиот интернет прелистувач, датумот и времето на Вашето барање.

Комуникациски податоци – Кога ќе испратите е-пошта до нас или друга комуникација, можеме да ги задржиме податоците од неа, со цел да ги обработиме и да одговориме на Вашето барање, како и да ги подобриме нашите услуги.
Телефонските анкети во кои учествувате можат да бидат снимани во аудио формат, со претходно известување до Вас и Ваша согласност пред започнувањето на истите. Снимените аудио материјали не содржи никакви лични податоци по кои може да се изврши Ваша лична идентификација односно се снимаат само Вашите одговори. Снимените аудио материјали се користат со цел точно да се обработат изнесените ставови, да се оцени квалитетот на воспоставената комуникација и да се докаже извршувањето на истите пред клиентите.
Кога ќе испратите СМС пораки преку нашиот сајт истите се чуваат како доказ за Вашата комуникација. СМС пораките не се употребуваат за никакви директни маркетинг анализи кои се поврзани со Вашиот профил и имаат комплетна загарантирана приватност и од страна на нашите вработени.
Заради спречување на можните злоупотреби, Blue Zone го задржува правото за континуиран мониторинг на содржината на СМС пораките, со цел да се провери придржувањето на членовите кон условите за употреба. При проверката на содржината на пораките, се создава одреден репрезентативен случаен примерок од СМС пораките во системот, испратени во текот на еден ден. При нивната проверка не се зема во предвид членот кој ги испратил пораките. Доколку во содржината на одредени пораки од примерокот, биде забележано одредено прекршување на условите за употреба, се преминува кон втората фаза во која се врши идентификација на членот кој ги прекршил условите за употреба. После тоа, се применуваат соодветни мерки кои можат да вклучат предупредување, престанок на членството или пак, соодветни законски постапки пред овластените законски органи, во зависност од степенот на прекршувањето на Условите за употреба.

Линкови – ние можеме да Ви презентираме линкови во формат кој ни овозможува да го пратиме статусот на овие линкови, односно дали овие линкови сте ги кликнале, како и датумот и времето кога сте ги кликнале. Овие податоци ги користиме за рекламни цели, како и да го подобриме нашите услуги.

Во рамките на нашата маркетинг мрежа основна цел за која се прибираат и обработуваат Вашите податоци е директниот маркетинг. Споредни цели се:

  • Ревизија, истражување и анализа за одржување, заштита и подобрување на нашите услуги
  • Обезбедување на техничкото функционирање на нашата маркетинг мрежа
  • Развој на нови услуги

Вашите податоци се чуваат и обработуваат на нашите сервери лоцирани во Македонија


ОТКРИВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци кои Ве идентитикуваат како личност не се откриваат на трети лица.

Клиентите, партнерите и другите наши соработници имаат пристап до агрегирани информации кои преставуваат обработени групи на податоци, без притоа да имаат пристап до било кои од Вашите лични податоци, според кои можете да бидете идентификувани како личност.

Вашите лични податоци кои Ве идентификуваат како личност единствено можат да се откријат на законски овластени државни органи во согласност со Законот за лични податоци и други закони.

Доколку Blue Zone биде вклучен во некакво спојување, превземање или било кој форма на отуѓување на неговите средства, соодветно ќе Ве известиме пред Вашите податоци да бидат пренесени и да бидат предмет на друга политика за приватност. Во случај на промена на организационата форма на Blue Zone, доколку нема никакви промени на политиката на приватност, не е потребно никакво посебно известување до Вас.


ИНФОРМАЦИСКА БЕЗБЕДНОСТ

Ние применуваме разумни технички и организациони средства во согласност со Законот за лични податоци и препораките на Дирекцијата за Заштита на личните податоци, со цел да спречиме неавторизиран пристап и неавторизирана промена, откривање или уништување на личните податоци. Внатрешната политика вклучува интерни проверки на базата на податоци, надворешната меморија, безбедносните мерки, како и мерки на физичка безбедност против неавторизиран пристап до системите во кои се складирани личните податоци.

Ние го ограничуваме пристапот до Збирката со личните податоци и истиот е дозволен само на нашите вработени и нашите агенти со склучен договор. Овие индивидуи се обврзани на доверливост и можат да бидат предмет на дисциплинска мерка, вклучувајќи исклучување и кривична одговорност доколку истите не ги почитуваат своите обврски.

Со оглед на чуствителноста на дејноста во која дејствуваме, посветени сме на континуирано учење и обуки за своите вработени, клиенти и партнери.

Вие сте одговорни за зачувување на приватноста на Вашето корисничко име и лозинка и сте целосно одговорни за сите активности што ќе настанат со употреба на истите.
Вашето корисничко име и лозинка не треба да ги откривате на трети лица, затоа што на тој начин Вашата приватност може да биди повредена.

Опцијата Запамти ме на овој компјутер, треба да ја користите кога пристапувате до нашиот систем од Вашиот компјутер и доколку имате соодветна заштита на ниво на оперативен систем.

*** Никогаш нема да побараме да ја откриете Вашата лозинка за влез во нашиот систем, преку е-пошта или телефон.


ИНТЕГРИТЕТ И ТОЧНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Ние ги обработуваме Вашите лични податоци само за целите за кои се прибрани и во согласност со оваа политика на приватност. Ние вршиме постојана ревизија на нашата база на податоци со цел да бидеме сигурни дека ги прибираме, складираме и обработуваме само потребните податоци за директен маркетинг, како и за подобрување на нашите услуги.

Ние превземаме разумни чекори со цел личните податоци кои ги обработуваме да бидат точни, комплетни и ажурирани, но сме зависни од членовите, кои треба постојано да ги ажурираат нивните лични податоци со најновите промени.


ПРОМЕНА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Како член во нашата маркетинг мрежа имате пристап до Вашите лични податоци во било кое време. Исто така, можете да извршите самостојно ажурирање на Вашите лични податоци со новите промени, со цел податоците кои се чуваат за Вас да бидат точни и комплетни.

Вообичаените процедури за промена на личните податоци можете да ги најдете во делот за Често Поставувани Прашања (ЧПП).


ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ

Ве молиме земете во предвид дека ова Политика за приватност може да се менува од време на време. Промените вообичаено нема да ги намалуваат Вашите права предвидени во оваа Политика за приватност. Очекуваме ваквите промени да се случуваат многу ретко и истите да бидат мали.

Доколку промените на Политиката за приватност ги намалуваат Вашите права предвидени со оваа Политка за приватност, ќе Ве информираме со соодветно соопштение испратено во Вашето виртуелно сандаче во нашиот систем.

Секоја верзија на Политиката за приватност ќе биде идентификувана на врвот од страната со датум на креирање, а исто така ќе се чуваат и претходните верзии во архива, веднаш после првата настаната измена.


 
 
Copyright © 2011, Bluezone - За нас | Услови за употреба | Политика на приватност | Политика против небарани комуникации