Верзија 1.0 
Почетна Контакт Мапа на сајтот
СМС Сандаче Моја сметка
    

ПОЛИТИКА ПРОТИВ НЕБАРАНИ КОМУНИКАЦИИ



ОПШТО

Blue Zone ја развива својата маркетинг мрежа врз основа на својата втемелена вредност за НУЛТА толеранција кон било кој вид на небарани комуникации (комерцијални маркетинг содржини кои се испраќаат на телефон, е-пошта или на друг начин, без претходна согласност на лицата кои ги добиваат).

Blue Zone е посветен на директен маркетинг, врз основа на лична согласност на неговите членови. Регистрираните членови можат во било кое време, доброволно да го откажат своето членство во маркетинг мрежата.

Blue Zone, нема никогаш да испраќа директни рекламни содржини до лицата кои не се регистрирани членови. Во таа насока, процесот за регистрација на членовите е дизајниран со употреба на разумни мерки, со цел да се изврши соодветна валидација на главните канали за комуникација со членовите. Ова подразбира автоматска проверка на сопственоста на телефонскиот број и е-поштата, на секое лице кое се обидува да стане член во маркетинг мрежата.


РЕГИСТРИРАНИ ЧЛЕНОВИ

Како регистриран член во маркетинг мрежата на Blue Zone, Вие треба да ги почитувате Условите за употреба и да ја подржувате политиката на Blue Zone против небараните комуникации.

Во таа насока треба да ги почитувате и следните правила за испраќање на СМС пораки:

  • Секогаш кога испраќате порака преку веб сајтот на Blue Zone, задолжително треба да бидете комплетно сигурни дека телефонскиот број од Вашиот профил е сеуште во употреба и дека истиот е во Ваша сопственост.

  • СМС пораките преку веб сајтот на Blue Zone, треба да ги испраќате единствено до Ваши познати контакти (роднини и пријатели).

  • Да не испраќате никакви СМС пораки со содржини кои се незаконски, вулгарни, клеветнички, содржини со кои се врши напад на нечија приватност или можат да се загрозат или нарушат одредени интелектуални или други права.

  • При испраќањето на СМС пораки, да не вметнувате никакви содржини кои можат да го збунат примателот или да го наведат на погрешни активности.

  • СМС пораките преку сајтот на Blue Zone, треба да ги користите единствено за Ваша лична комуникација како физичко лице и во Ваше лично име

  • да не вметнувате никакви дополнителни рекламни содржини, освен рекламните содржини кои се внесуваат автоматски од страна на Blue Zone.

  • При испраќањето на спонзорирани СМС пораки, задолжително треба да извршите соодветно оценување на рекламната содржина, со цел да се уверите дека истата е соодветна за возраста на лицето, до кое ја испраќате како препорака.

  • Доколку лицето до кои ги испраќате СМС пораките, Ве информира дека не сака да добива пораки од Вас, задолжително сте обврзани да го прекинете испраќањето на пораките кон истото.

Вашите СМС пораки испратени преку Blue Zone, го содржат телефонскиот број од Вашиот профил и истите стигнуваат до крајните приматели, идентично како и СМС пораките испратени од Вашиот мобилен телефон.

Доколку сакате да блокирате СМС од одреден член на Blue Zone, кликнете на линкот:
  Блокирај СМС пораки од член

Доколку не сакате повеќе да добивате пораки од сите членови на Blue Zone, кликнете на линкот:  Блокирај СМС пораки од сите членови на Blue Zone

 


ЛИЦA КОИ НЕ СЕ ЧЛЕНОВИ

Доколку Вие се немате самостојно регистрирано како член во маркетинг мрежата, Blue Zone нема никогаш да Ви испрати никакви рекламни содржини.

Треба да знаете дека доколку без Ваше барање добиете СМС пораки од: Blue Zone; BlueZone; Blue.Zone или Blue_Zone, со текст кој содржи код и известување за регистрација на www.bluezone.com.mk, истите Ви се испратени затоа што некој неовластено го употребил Вашиот телефонски број, со цел да се регистрира во маркетинг мрежата на Blue Zone. Ваквите пораки, Ве молиме целосно да ги игнорирате, затоа што регистрацијата на лицето кое го употребило Вашиот број, без да го внесе кодот е целосно неуспешна.

Одредени СМС пораки кои сте ги добиле испратени од нашиот систем, покрај текстот содржат и одредени рекламни содржини. Треба да знаете дека истите не се испраќаат директно од страна на Blue Zone.
Ваквите спонзорирани СМС пораки им се понудени бесплатно на членовите од страна на Blue Zone и истите содржат одредена рекламна содржина, со цел да се покријат трошоците за нивното испраќање. Конечната одлука за нивното испраќање ја даваат самите членови, со што ја превземаат одговорноста за целата содржина на таквите пораки.
Членот што Ви ја испратил СМС пораката, можете да го идентификувате по телефонскиот број од кој е испратена истата. Вообичаено, но не загарантирано, најбрз начин да го идентификувате членот што Ви ја испратил СМС пораката е доколку телефонскиот број од кој Ви е испратена СМС пораката е поврзан со контакт од именикот на Вашиот мобилен телефон.

Ваквите спонзорирани пораки вообичаено ќе ги добивате од Вашите роднини и пријатели, со кои имате вообичаена комуникација. Како и да е треба да бидете информирани дека одредени членови можат да Ви испраќаат пораки, иако не Ве познаваат или пак, по случајна грешка, идентично како што тоа се случува и со обичните СМС пораки кои се испраќаат преку телефон.

Доколку континуирано добивате СМС пораки, а истите не сакате да ги добивате во иднина, на располагање имате 3 опции:

  • Прво, можете да го информирате членот со СМС порака или повик од Вашиот телефонски број, дека повеќе не сакате да добивате пораки од него, идентично како што тоа се случува и со обичните СМС пораки преку телефон. Ваквиот начин не гарантира дека пораките нема да ги добивате во иднина, а исто така со него имате и одредени трошоци.

  • Второ, можете да ги блокирате идните СМС пораките од членот, врз основа на Ваше барање до Blue Zone, со кликнување на линкот Блокирај СМС пораки од член и пополнување на формата. Ваквото барање подлежи на валидација од страна на Blue Zone, со цел да се спречат можните злоупотреби. Доколку барањето е валидно, тогаш овој начин гарантира дека во иднина нема да ги добивате пораките од членoт што сте го блокирале.

  • Трето, можете да ги блокирате идните СМС пораки од сите членови на Blue Zone, врз основа на Ваше барање, со кликнување на долунаведениот линк Блокирај СМС пораки од сите членови на Blue Zone и пополнување на формата. Ваквото барање подлежи на валидација од страна на Blue Zone, со цел да се спречат можните злоупотреби. Доколку барањето е валидно, тогаш овој начин гарантира дека во иднина нема да добивате пораки од членовите на Blue Zone.
    ЗАБЕЛЕШКА: На овој начин ја елиминирате и комуникацијата со Вашите роднини и пријатели, кои се членови на Blue Zone и од кои сакате да добивате пораки.

Доколку сакате да блокирате СМС од одреден член на Blue Zone, кликнете на линкот:
  Блокирај СМС пораки од член

Доколку не сакате повеќе да добивате пораки од сите членови на Blue Zone, кликнете на линкот:  Блокирај СМС пораки од сите членови на Blue Zone

Доколку верувате дека некој успеал неовластено да се регистрира со Вашиот телефонски број, во Ваше отсуство, Ве молиме навремено да не контактирате со цел да извршиме соодветна корекција.

 

 
 
Copyright © 2011, Bluezone - За нас | Услови за употреба | Политика на приватност | Политика против небарани комуникации